![]() |
![]() |
|||
![]() ![]() |
Замена на метилбромидот во земјоделството Контејнерскиот начин на производство на тутунов расад се искористи во производството на тутунов расад. Биофумигацијата во комбинација со соларизација е применета во интензивното раноградинарско производство. Проектот е во тек, избраните алтернативи покажуваат одлични резултати како кај производството на тутунов расад (добро развиен коренов систем, растенијата се здрави и униформни, расадот е подобро прифатен на отворено поле), така и кај раноградинарските култури (збогатување на структурата на почвата и повисоки и поквалитетни приноси). Покрај ова, во текот на 2003 година не е евидентиран увоз на метилбромид во Република Македонија, а до крајот на 2005 година се очекува потрошувачката на оваа хемикалија да биде елиминирана.
• Институционално зајакнување • План за управување и ракување со разладните средства и уреди • Метилбромид • |
|||
Канцеларијата за заштита на озонската обвивка, Македонија © 2001-2004 Дизајн на Магма Системи
|
||||