Озонска Обвивка Контролни Мерки Проекти Контакт Линкови
Канцеларија за заштита на озонската обвивка
Управување со разладните средства и уреди

Управување и ракување со разладните средства и уреди

Целта на проектот RMP е развивање на широка и детална програма за собирање и рециклирање на супстанциите што ја осиромашуваат озонската обвивка при сервисирањето на уредите за ладење во Република Македонија. Планот се состои од три компоненти:
- Програма за обука во одржувањето на фрижидери;
- Повторна употреба и рециклирање на ладилните флуиди;
- Обука на царинските работници.

Обука на царинските работници

Обезбедена е опрема за детекција на средствата за ладење и обучени се царински работници за правилно регистрирање и детекција на супстанциите што ја осиромашуваат озонската обвивка.

Програма за обука во одржувањето на фрижидери

Со оваа програма се обучени сервисери кои се занимаваат со сервисирање на домашни и мали комерцијални фрижидери. Во првиот круг од тренингот обучени се 266 сервисери на разладни уреди од целата територија на Република Македонија (список на обучени сервисери расположив во Канцеларијата за заштита на озонската обвивка).

Повторна употреба и рециклирање на ладилните флуиди

Формирани се три центри за рециклирање на CFCs, и е обезбедена опрема за повторна употреба на CFCs за 100 сервисери . Сервисерите на разладни уреди кои добија опрема за собирање на разладни медуими се обврзани да доставуваат годишни извештаи за собраните количини на CFC-флуиди. Во периодот од maj, 2001 г. до крајот на 2005 година количината на собрани и рециклирани флуиди изнесува:

Обновени (kg) Рециклирани (kg) Отпад
  Година CFCs HCFC-22 HFCs Смеши Вкупно
  Мај 2001 - Дек. 2002 1,546.5 1,203.4 512.0 22.0 3,301.9 2,838.9 463.0
  2003 1,881.1 1,183.0 173.0 22.0 2,566.1 2,466.1 100.0
  2004 1,946.0 2,598.4 2,542.5 238.5 7,325.4 7,101.6 223.8
  2005 1,775.7 2,741.5 2,863.0 254.5 7,634.7 7,191.5 443.2
  2006 1.823,8 1.698,6 777,6 1.400,3 5.700,3 5.452,8 274,5
  2007 1.786,0 2.226,0 1.745,0 2.332,0 8.089,0 8.089,0 0,0
  Вкупно 10.084,1 11.650,9 8.613,1 4.269,3 34.617,4 33.139,9 1.477,5