![]() |
||||
![]() ![]() |
План за комплетна елиминација на CFCs во Република Македонија Проектот "План за комплетна елиминација на CFCs во Република Македонија" е уште е еден чекор, но овој пат финален, на Република Македонија во повеќегодишните напори за комплетна елиминација на супстанциите кои се карактеризираат со највисока вредност на потенцијалот на осиромашување на озонската обвивка, популарните хлорофлуоројаглеводороди или CFCs. Неговата основна цел е обезбедување на навремена, одржлива и забрзана елиминација на CFCs преку унапредување на постоечката легислатива, обука на инволвираните страни, употреба на постоечките залихи, активна партиципација на засегнатите чинители и поддршка од субјектите кои се вклучени во процесот на донесување на одлуки. Конкретно, проектот ќе се имплементира низ следните фази:
Проектот всушност претставува напредна фаза на досегашниот План за управување со разладните средства и уреди. Новата активност предвидува нова пософистицирана шема на собирање, прочистување и повторна употреба на CFCs во разладните системи:
Дополнително, проектот планира обука на цариниците за идентификување и контрола на ЦФЦс на граничните премини и доделување на опрема за детекција. Новиот пристап во процесот овозможува имплементација на целиот циклус (собирање-рециклирање-повторно полнење) на лице-место, со што ја прави постапката економски поисплатлива како за сервисерот, така и за клиентот. Покрај ова, се намалува можноста за повторно полнење на флуиди кои не се прочистени до степен кој нема да предизвика проблеми во системот. Активностите за употреба на нови методи за собирање и повторна употреба на CFC-ладилните медиуми даваат можност за строги рестрикции на увозот на супстанциите што ја осиромашуваат озонската обвивка, и тоа по следната рамка:
Сето ова укажува на фактот дека проектот "План за комплетна елиминација на CFCs" ќе овозможи финализирање на активностите за целосна елиминација на CFCs во Република Македонија и исполнување на обврската кон Монтреалскиот протокол: 100% редукција до 1ви Јануари 2010 година.
• Институционално зајакнување • План за управување и ракување со разладните средства и уреди • Метилбромид • |
|||
Канцеларијата за заштита на озонската обвивка, Македонија © 2001-2006 Дизајн на Магма Системи
|
||||