Озонска Обвивка Контролни Мерки Проекти Контакт Линкови
Канцеларија за заштита на озонската обвивка
Национална програма

Национална програма за елиминација на супстанциите што ја осиромашуваат озонската обвивка е изработена во 1996 година. Во неа е дадена стратегијата на Република Македонија за замена на супстанциите што осиромашуваат озонската обвивка со акционен план за таа цел.

Македонија не е произведувач, туку само потрошувач на супстанциите што осиромашуваат озонската обвивка. Вкупната потрошувачка во 1996 година беше 560 МТ, од 75% отпаѓаат на производството на пени и фрижидери.

Неколку проекти беа предложени во Националната програма за забрзување на замената на супстанциите што осиромашуваат озонската обвивка. Сите проекти се технички и финански поддржани од Мултилатералниот фонд на Монтреалскиот протокол, преку UNIDO, како агенција за имплементација.

Потрошувачка на супстанции што осиромашуваат озонската обвивка во периодот од 1995-2005 година во Република Македонија:

Супстанција ODP тони*/годишно
1995 1996 1997 1998 1999 2000 2001 2002 2003 2004 2005 2006 2007
  CFC-11 480,00 413,00 418,41 15,00 8,80 7,12 - - -
  CFC-12 72,00 101,00 69,10 77,83 183,07 39,60 39,58 34,07 44,53 8,27 11,83 6,99
  CFC-113 - - - - - 0,02 - - -
  CFC-114 6,00 - - - - - - - -
  CFC-115 - - - - 0,02 2,72 7,10 0,04 4,80 0,50
  Халон-1211 - - 3,87 - - - - - -
  Халон-1301 30,00 30,00 32,40 - - - - - -
  CFC-111 - - - - 1,36 - - - -
  CCl4 - 4,40 0,02 0,10 0,16 0,04 - 0,01 - 0,012
  HCFC-22 1,54 2,31 1,83 1,25 1,08 4,93 10,36 3,81 5,96 4,76 1,86 2,36 1,25
  HCFC-141b - 0,11 - 2,31 0,11 0,05 - 0,11 -
  Метилбромид - 12,00 12,00 12,90 27,24 23,37 19,92 5,32 -
  Вкупно 589,54 562,82 537,63 79,39 221,78 77,85 76,96 43,36 55,29 13,53 13,70 9,35 1,25

ODP: потенцијал на осиромашување на озонската обвивка.
ODP тони: потрошувачка во метрички тони мултиплицирана со вредноста на потенцијалот на осиромашување на озонската обвивка.