Озонска Обвивка Контролни Мерки Проекти Контакт Линкови
Канцеларија за заштита на озонската обвивка Проекти

Имплементирани проекти

Национална програма

Национална програма (1996)
Стратегија на Република Македонија и акционен план за замена на супстанциите што ја осиромашуваат озонската обвивка.

 
Замена на метилбромидот во земјоделството

Замена на метилбромидот во земјоделството
Врз база на резултатите од демонстрациониот проект, замената на метилбромидот се спроведува кај тутуновиот расад и раноградинарските култури. Селектирани алтернативи се беспочвена култивација кај тутуновиот расад и биофумигација со соларизација кај раноградинарските култури.

 
Фринко - Битола

Фринко - Битола
Замена на CFC-11/12 во фабриката за производство на фрижидери преку конверзија на технологијата.

Метилбромид

Демонстрационен проект за замена на метилбромидот во земјоделството
Целта на проектот беше да се демонстрира техничката и економската изводливост на алтернативните методи на употребата на метилбромидот во производството на тутунов расад и раноградинарски култури.

План за управување со халоните

План за управување со халоните
Планот дефинира забрзана замена и комплетна елиминиција на халоните во Република Македонија преку утврдување на најефикасни методи за негова имплементација.

План за управување и ракување со разладните средства и уреди

План за управување и ракување со разладните средства и уреди
Целта на проектот е да се развие детална програма за собирање и рециклирање на супстанциите што ја осиромашуваат озонската обвивка кои се користат за сервисирање на разладните уреди (обука на сервисерите на ладилната опрема; обука на цариниците; собирање и рециклирање на ладилните медиуми), како би се спречило нивната емисија во атмосферата.

Силекс -Кратово

Силекс - Кратово
Замена на CFC-11 во производството на цврсти и меки пени.

Тековни проекти

Институционално зајакнување

Институционално зајакнување - Фаза I, II, III, IV и V
Обезбедува механизми за забрзана замена на супстанциите што ја осиромашуваат озонската обвивка

План за комплетна елиминација на CFCs во Република Македонија

План за комплетна елиминација на CFCs во Република Македонија
Проектот "План за комплетна елиминација на CFCs во Република Македонија" е уште е еден чекор, но овој пат финален, на Република Македонија во повеќегодишните напори за комплетна елиминација на супстанциите кои се карактеризираат со највисока вредност на потенцијалот на осиромашување на озонската обвивка, популарните хлорофлуоројаглеводороди или CFCs.

Центрифугални чилери кои содржат CFCs

Демонстрационен проект за замена на центрифугални чилери кои содржат CFCs
Целта на проектот е демонстрација на намалување на потрошувачката на супстанциите што ја осиромашуваат озонската обвивка преку замена на центрифугални чилери кои ги содржат овие хемикалии во НБМ и ОХИС.