Озонска Обвивка Контролни Мерки Проекти Контакт Линкови
Канцеларија за заштита на озонската обвивка
Хемизам

Најчесто употребувани супстанции одговорни за приближно 80% од вкупното осиромашување на стратосферската озонска обвивка, се хлорираните јаглеводороди (CFCs) кои се користат во ладилните уреди, клима уредите, како распрскувачи на пена, растворувачи, стериланти и аеросолни пропеланти. Кога ќе се ослободат во атмосферата овие халогенираните јаглеводороди (CFCs) под дејство на сончевите зраци се распаѓаат ослободувајќи хлорни атоми кои влегуваат во реакција со озонската молекула. Притоа се формира хлорен оксид:

кој е многу нестабилен и лесно се врзува со кислородниот атом. Продукти на оваа реакција се хлор и друга кислородна молекула:

Ослободениот атом на хлор учествува во понатамошни реакции овозможувајќи повеќекратно повторување на овој процес. Се проценува дека секој атом на хлор може да уништи 100.000 озонски молекули пред да ја напушти атмосферата.

Покрај CFCs, бромираните јаглеводороди (халони, метил бромид и др.) исто така ја осиромашуваат озонската обвивка.