Министерството за животна средина и просторно планирање - Канцеларија за заштита на озонската обвивка, организира
Обука за сервисери по ладилна техника
Обуката се организира во рамките на Проектот за конечно елиминирање на CFC ладилните флуиди (обврска на Република Македонија кон Монтреалскиот протокол).
Се повикуваат заинтересираните сервисери да се пријават во писмена форма за учество на обуката.
Адреса:
Министерство за животна средина и просторно планирање
Канцеларија за заштита на озонската обвивка
ул. “Дрезденска” бр. 52
1000 Скопје
Дополнителни информации:
тел/факс: 02 3119 622
e-mail: ozonunit@unet.com.mk
Планетата Земја
Малата сина и зелена планета која ја нарекуваме дом е многу карактеристично и единствено место за живеење. Тоа е единствена планета во сончевиот систем каде постои живот. Целиот жив свет на земјата е заштитен со тенок слој од воздух, вода и почва со длабочина од 15 км. Обвивката составена од молекули на озон лоциран во погорните слоеви на атмосферата го штити животот на земјата од штетните сончеви зраци. Природните нивоа на озон во атмосферата дозволуваат само одредени порции на сончевите зраци да бидат апсорбирани пред да стигнат до површината на земјата.
Целиот живот на земјата е прилагоден да егзистира на оваа филтирана количина на сончево зрачење. Затоа, зголемено сончево зрачење кое ќе стигне на земјата може да предизвика импликации врз здравјето на луѓето, балансот на екосистемите и глобалната клима.
Сателитските мерења направени последниве години јасно покажуваат дека хлород и бромот, сврзани во соединенија, произведени од страна на човекот, ја осиромашуваат озонската обвивка.
Што прави Република Македонија на полето на заштитата на озонската обвивка.
|